Заменикот претседател на владејачаката партија во Косово е уапсен за фалсификување документи

Косовската полиција го уапси градоначалникот на општина Истог, Хаки Ругова, кој истовремено е и заменик претседател на владејачката партија ЛДК заради сомнение на службената положба, судир на интереси и фалсификување на документи, по наредба на Основното обвинителство во Пеќ.

„Можам да потврдам дека по наредба на Основното обвинителство во Пеќ, уапсен е градоначалникот на Истог, заменик-градоначалникот на оваа општина и уште еден службеник Истите беа уапсени под сомнение за сторени кривични дела корупција“, рече обвинителката од Основното обвинителство на Пеќ, Валбона Дишај-Хаџосај.

Апсењето на градоначалникот на Истог е ноќна сласт,  рече заменикот на Движењето Ветевеносје, Енвер Халити за време на својот говор во Собранието на парламентарната седница додека се даваше отчет за 100 дена од работењето на владата на Авдула Хоти.

„Не знам како може да се затвори овој извештај со вест дека градоначалникот на Истог е уапсен и заменик-претседателот на ЛДК, Хаки Ругова, ова го поништува сето она што го кажавте, ова е сладост на ноќта“, изјави Халити.

Портпаролот на косовската полиција за регионот на Приштина, Бајрам Красниќи потврди дека Дирекцијата за економски криминал и корупција, на 9.10.2020 година, интервјуирале три лица како осомничени, под сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба“, „судир на интереси“ и „фалсификување“ на официјални документи“.

На осомничените по интервјуто со решението на државниот обвинител од Обвинителството во Пеќ им е изречена мерка притвор од 48 часа“, изјави портпаролот на косовската полиција за регионот на Приштина, Бајрам Красниќи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот