Заменик министерот за локална самоуправа во посета на Берово

Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски денеска оствари средба со заменик министерот за локална самоуправа, Зоран Димитровски. На работната средба, како што информираа од Општината, Пекевски го запознал заменик-министерот со функционирањето на општината, реализираните проекти, проектите во тек и проектите кои во иднина се планира да бидат реализирани.

-Градоначалникот истакна дека општината е фокусирана кон искористување на средства од ИПА Програмата за прекугранична соработка, со Бугарија и дека во изминатиов период општина Берово има успешна реализација на голем број проекти, со средствата од Европската Унија. Во таа насока информираше дека во завршна фаза е реализацијата на проектот „Заштита на жителите, долж две реки”, а по истиот повик, веќе имаме одобрено и друг проект, за набавка на специјално возило за заштита од природни непогоди, истакнаа од Општината.

На средбата како што додадоа, се разговарало и за регионалниот развој на Општината.

-Акцент беше ставен на користење на средства од различните фондови. Општина Берово, постојано работи на  разработување на идеи, со кои би се аплицирало на тековните повици и повиците кои треба да излезат во престојниот период, со што се отвораат нови можности за прилив на средства, кои ќе го подобрат животот на граѓаните, додадоа од Општината.

Посетата на заменик-министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски како што додадоа се реализира за прв пат.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот