Заменик министерката Елези на 12-та Конференција на УНКТАД за управување со долгот

Заменик-министерката за финансии Ширет Елези, заедно со претставници од Министерството за финансии присуствува на 12-тата Конференција на УНКТАД за управување со долгот, во Женева.

Оваа Конференција, организирана од страна на УНКТАД, се одржува секои две години и претставува форум за размена на искуства меѓу владите, меѓународните организации, академијата, приватниот сектор и граѓанското општество за тековните прашања од областа на јавните финансии и управувањето со долгот.

Оваа година, Конференцијата ќе се осврне на важни прашања како што се неодамнешните иницијативи за транспарентност на долгот, политиките за поддршка на долгорочната одржливост на долгот, тековните трендови во разоткривањето на должничките кризи во земјите во развој, како и улогата на меѓународната заедница во зајакнување на управувањето со долгот.

Конференцијата ја отвори Заменик – Генералниот Секретар на УНКТАД, Изабел Дурант, а збор ќе земат високи претставници на националните институции, експерти, академици, претставници на меѓународните и регионалните организации и невладиниот сектор. На конференцијата учествуваат министри за финансии и претставници од над 100 земји низ светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот