Заменик-градоначалникот на Битола Бојкоски: Проектот за кружниот тек кај Ветеринарната станица беше едногласно поддржан

Фото: Васка М. Младеновска / Слободен печат

Во Општина Битола, во чијшто Совет од неодамна има ново мнозинство, продолжуваат препукувањата помеѓу довчерашните неформални коалициски партнери, ВМРО-ДПМНЕ и независната советничка листа „Поинаку“.

Додека претседателката на Советот Габриела Илиевска тврди дека за изградбата на кружниот тек кај Ветеринарната станица гласале само 13 советници на ВМРО-ДПМНЕ, додека останатите советници не го поддржале проектот, заменик-градоначалникот на Битола и координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Бојкоски, реагира дека на седницата одржана на 28 декември лани, Советот едногласно изгласал одлука за прифаќање на амандман за издвојување средства за изградба на кружниот тек.

„СДС Битола и останатите советнички групи бесрамно лажат дека биле против изградба на кружниот тек на улицата “Прилепска”. Изградбата на кружниот тек на улица „Прилепска“ едногласно е поддржана од сите советници, на седницата на Советот на Битола одржана на 28.12.2022 година“, вели Бојкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот