Заменик градоначалникот на Белград, Горан Весиќ: Нулта толеранција за сите кои организираат забави

Фото: biografija.org

Во Белград постои нулта толеранција за сите кои организираат забави и ги прекршуваат епидемиолошките мерки, но нема да допуштиме, ниту да се сложиме со воведување на нулта толеранција за живот, доколку биде прифатен предлогот за воведување на „полициски час“, изјавуи денеска заменик градоначалникот на српската престолнина, Горан Весиќ.

Весиќ истакна дека минатиот викенд покажал оти при ограничување на работното време на угостителските објекти до 14 часот настанува „стампедо“ по рестораните, теретаните и трговските центри и дека поголем број на луѓе престојува во ист простор во краток временски период.

Тој додаде дека евентуална одлука за затворање би била погубна за малите фирми што во најголем дел се семејни и оти никој не размислува за последиците по менталното здравје на населението.

– Наместо да плашиме народ со „полициски час“, треба да се фокусираме на спроведување на постоечките епидемиолошки мерки и како да се чуваме и на тој начин да овозможиме на луѓето да работат, заклучи Весиќ со напомена дека се останато е против економијата и интересите на градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот