Замениците на Јанева официјално се разрешени од функции во СЈО

Од денеска официјално на сите 12 обвинители од Специјалното јавно обвинителство им престанува работата во СЈО. На Лиле Стефанова и престанал мандатот во Одделот за организиран криминал и корупција при ОЈО бидејќи на неа и изминал мандатот од четири години на 15 мај 2018 година, изјави претседателот на Советот на јавни обвинители Ацо Колевски.

Колевски посочи дека обвинителите Ленче Ристоска, Фатиме Фетаи, Гаврил Бубевски, Трајче Пеливанов и Артан Ајро треба да се вратат во Основното јавно обвинителство Скопје, Лиле Стефанова во Радовиш, Бурим Рустеми и Љубомир Лапе во ОЈО Куманово, Елизабета Јосифовска во ОЈО Кичево, Стевчо Донев во ОЈО Кочани.

За предметите кои се во владение на СЈО, Колевски рече дека јавниот обвинител ќе одлучи на кој обвинител кој предмет ќе му биде даден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот