Замастениот црн дроб често нема симптоми, но лекарите открија скриен знак што телото го испраќа

Profimedia
Фото: Профимедиа

Како што самиот назив сугерира, заболувањето замастен црн дроб е предизвикано од вишокот маснотии во црниот дроб, пренесува „Експрес“.

Исто така, позната и како нeaлкохолна масна болест на црниот дроб, може да има малку или воопшто да нема симптоми во најраните фази. Меѓутоа, како што напредува, може да предизвика повеќе оштетување на црниот дроб, што на крајот резултира со одредени знаци, од кои еден е особено забележлив.

Напредната масна болест на црниот дроб може да доведе до цироза, а еден од симптомите е особено забележлив при уринирањето, тврдат лекарите. Имено, се работи за необичната боја на урината. Според Клиниката во Кливленд, кафеавата или портокаловата боја на урината е еден од симптомите на напредната фаза на замастен црн дроб.

„Ова се случува кога во телото се наталожува премногу билирубин, супстанција која настанува во текот на процесот на разградување на старите црвени крвни зрнца бидејќи црниот дроб не ги разградува како што треба, односно нормално“, објаснуваат експертите.

Вообичаени симптоми на ран стадиум на замастен црн дроб вклучуваат губење на апетит, чувство на слабост или замор, гадење, зголемена телесна температура и неочекувано губење на телесната тежина.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот