Залутан куршум уби либански фудбалер, бил испукал од погребна поворка

Познатиот либански фудбалер кој три пати ја освојуваше титулата во домашниот шампионат, Мохамед Атви (33) им подлегна на повредите на главата кои ги здоби минатиот месец кога беше погоден од залутан куршум.

Атви е застрелан во моментите кога поминувал покрај погребна поворка, од каде е и испукан куршумот кој го погодил несреќниот фудбалер. Пукањето од огнено оружје за време на погребите и прославите се традиција во Либан.
Несреќниот настан се случил минатиот месец во Бејрут за време на погребот на една од 200. жртви од страшната експлозија која разнесе цел кварт во главниот град во Либан, а полицијата сè уште не успеала да ги идентификува одговорните за смртта на фудбалерот.


„Со неверување и тага, бордот на нашиот клуб рагува поради смртта на еден од синовите на Ансар, Мохамед Атви. Со неговата смрт не загуби само неговото семејство туку и клубот бидејќи тој заземаше посебно место во срцата на навивачите кои во Атви препознаа лидер и фудбалер кој му даде многу на Ансар“, стои во соопштението на Ансар, клубот во кој Мохамед Атви играше десет сезони (2008-2018).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот