Заложничка драма во Германија во српски патнички автобус

Вооружено лице зеде три лица како заложници во патнички автобус на автопат на југот на Германија, пишува Билд. Патници и возачи биле нападнати на меѓународната автобуска линија Дортмунд-Белград на српскиот превозник „Ласта“.

Билд пренесува дека околу 21 часот се слушнале три детонации и дека полициски сили и хеликоптери се на терен, пренесува Ројтерс.

Билд наведува дека  автобусот дошол од странство.

Германската полиција на својот профил на Твитер, објави дека автопатот А9 помеѓу Хилполштајн и Грединг бил затворен во двата правци.

Еден патник, кој се качил во автобусот во Франкфурт, и кој, како што дознал Танјуг, се вика Фахрудин Кахровиќ, физички ги нападнал другите двајца патници.

Тој наводно бил совладан од возачот и другите патници, но се уште е во автобусот.

 

Очевидци тврдат дека Кахровиќ рекол дека добил порака од Алах дека мора да ги нападне патниците, бидејќи во спротивно ќе биде нападнат.

Преговарачите на германската полиција се на лице место и се обидуваат да ја решат ситуацијата, пренесуваат локалните медиуми.

Полицијата пристигна на местото на настанот во голем број, вклучително и припадници на специјалната единица на германската полиција .

Претходно медиумите објавија дека напаѓачот бил Србин и дека се работи за автобус на Ласта,од Белград но тоа се уште не е официјално потврдено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот