Заложничка драма во Англија: Напаѓач зазеде бензиска пумпа, едно лице е повредено

Британска полиција/Фото: EPA/ANDY RAIN

Најмалку едно лице е повредено денеска кога вооружен напаѓач зеде заложници на бензинска пумпа во британскиот град Бристол.

Напаѓачот, вооружен со нож, ги принуди вработените во бензинската пумпа да влезат во една просторија, објави Скај њуз.

Преговарачки тим на полиција се наоѓа на местото на инцидентот, обидувајќи се да ја заврши заложничката криза на безбеден начин, пренесува Би Би Си.

Повреденото лице е пренесено в болница и не е во животна опасност.

Полицијата го блокираше делот од градот каде што се наоѓа бензинската пумпа, наведува Би Би Си. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот