Залечен, недолечен: Адвокат во депресија уби судијка на Филипините, а потоа се самоуби

Фото: EPA-EFE/MARK R. CRISTINO

Филипинска судијка денеска е убиена во нејзината канцеларија, што се наоѓа во Градската куќа на Манила, од судски службеник (адвокат) кој се рехабилирал од депресија, состојба во која западнал по заболувањето со ковид-19, соопшти полицијата, јави агенцијата ДПА.

Судијката марија Тереза Абадиља (44), која судела во регионалниот суд во Манила, била застрелана во глава и била прогласена за мртва по транспортот во болница, изјави полицискиот началник Хенри Наваро.

Осомничениот 42-годишен Амадор Ребато јуниор, веднаш по убиството на судијката, извршил самоубиство.

Првичната полициска истрага, наведува агенцијата ДПА, покажува дека Ребато, кој бил придружуван од својата сестра, се сретнал со судијката во нејизната канцеларија за да даде отказ од работното место, но во еден момент тој извадил пиштол и пукал во Абадиља.

– Ребато страдаше од депресија бидејќи не можеше да ги испочитува роковите откако на 19 август се разболе од ковид-19, изјави Наваро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот