ЗАЛАДУВАЊЕ: Од утре попладне дожд со грмежи и силен ветер – Слободен печат
ВестиМакедонија

ЗАЛАДУВАЊЕ: Од утре попладне дожд со грмежи и силен ветер

Во Скопје, претпладне сончево и многу топло. Од пладне ќе има зголемена облачност и појава на повремено пороен дожд, грмежи засилен ветер и услови за град.

Времето утре во претпладневните часови ќе биде сончево и особено многу топло на југот на земјата. Попладне и во текот на ноќта, а најпрвин во северните делови, облачноста ќе се зголеми и на места ќе има пороен дожд со грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со појава на град и силен ветер. Услови за појава на дожд ќе има и во ноќните часови. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната од 32 до 40 степени. УВ ќе биде 9, соопшти УХМР.

Во Скопје, претпладне сончево и многу топло. Од пладне ќе има зголемена облачност и појава на повремено пороен дожд, грмежи засилен ветер и услови за град. Минималната температура ќе биде 21, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Во четврток се уште ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи претежно попладне. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а дневните температури ќе бидат за 5 до 8 степени пониски. Посвежо ќе биде и во петок, а за викендот температурите ќе се постепен пораст.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close