Закрпени се дупките на улиците во Карпош

Општина Карпош информира дека денеска се реконструирани повеќе ударни дупки долж улицата „Козле” 10. Со санацијата се опфатени 300 квадратни метри.

– Службите и механизацијата кои ги ангажираше локалната самоуправа ќе продолжат со работа и санација на ударни дупки во Нерези, а веќе е саниран и дел од улиците во Злокуќани. Се работи на поголеми инфраструктурни зафати во Бардовци, каде во тек е реконструкција на крак од улицата „18″, а целосно е завршена обновата на крак од улицата „4″, се вели во соопштението од Општина Карпош.

За оваа година, одвоени се десет милиони денари буџетски средства за реконструкција на локалните улици во Општина Карпош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот