Закопани посмртните остатоци од војниците кои загинале во нападот на Наполеон на Русија

Фото: Еуроњуз принтскрин

Посмртните остатоци од руските и француски војници кои загинале во повлекувањето на француските сили од Русија во 1812 година беа закопани денеска недалеку од локацијата на битката на Березина, што е еден редок момент на француско-руското единство во годината кога се одбележува 200-годишнина од смртта на Наполеон.

На температура од минус 15 целзиусови степени и со обилни врнежи на дожд, посмртните остатоци на 126 борци беа положени во осум ковчези покриени со знамињата на двете земји.

На церемонијата присуствуваа повеќе стотици статисти облечени во униформи од тој период, но и бројни потомци на големи генерали од добата на Наполеон кои ги изгубиле своите животи на тоа место. Посмртните остатоци на жртвите претходно беа откриени во масовна гробница меѓу Смоленск и Москва.

Сите војници загинале во битката кај Вјазма на 3 ноември 1812 година, две недели после почетокот на повлекувањето на француската армија кое кулминирало со конечна катастрофа и големи загуби за француската војска кај реката Березина.

Додека остатоците на француската армија се бореле, две руски армии кај Березина им нанеле огромни загуби.

Во моменти кога меѓу Русија и Западот владее тензија за бројни прашања, церемонијата во Вјазма, место кое се наоѓа на околу 200 километри западно од Москва, претставува редок момент на симболично единство.

Извор: Индекс.хр

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот