Законот за спречување на Брегзит без договор предмет на расправа во Домот на лордовите

Законот за спречување на спроведувањето на Брегзит без договор, што завчера го усвоија пратениците во Долниот дом на британскиот Парламент, денеска ќе се најде во дневниот ред и на Горниот дом, Домот на лордовите.

Долниот дом се согласи дека во понеделник ќе ги разгледа и амнадманите на Домот на лордовите и дека владата има намера да го подготви законот да и биде претставен на кралицата.

Предложениот закон беше усвоен од пратениците во средата, со што тие му нанесоа огромен пораз на премиерот Борис Џонсон, јави Би-би-си.

Постојат тврдења дека приврзаниците на брегзит можат намерно да го одложат усвојувањето на законот за тој да не добие согласност од кралицата пред парламентот следната недела да се распушти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот