Законот за обвинителство е тест за патриотизмот

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Вчера еврокомесарот за проширување Оливер Вархељ порача дека во наредните месеци македонските власти ги чека многу работа, бидејќи се очекуваат нови предлози, „нов пакет“ со кој ќе се унапреди процесот на проширување.

Додека Европа бара единство меѓу власта и опозицијата за клучниот закон за борба против криминалот и корупцијта, Законот за јавното обвинителство, извори во Министерството за правда за Слободен печат велат дека до нив уште не стигнале сигнали за поместување во ставовите на ВМРО-ДПМНЕ за законот. Од таму посочуваат дека Законот е веќе во собраниска процедура и ги повикуваат пратениците да го изгласаат до распуштањето на парламентот до 11 февруари во интерес на европската перспектива на земјата.

– Законот е пуштен во Собрание и ние би биле многу среќни доколку пратениците се надминат себе си. Пораката од еврокомесарот е јасна и ние очекуваме и сакаме претениците да најдат сила и да гласаат мотивирни од европската иднина на државата, а не мотивирани од личните интереси на оние кои сакаат да избегаат од правдата. Ова прашање е тест за патриотизам – велат од Минстерството за правда.

Вчера еврокомесарот за проширување Оливер Вархељ порача дека во наредните месеци македонските власти ги чека многу работа, бидејќи се очекуваат нови предлози, „нов пакет“ со кој ќе се унапреди процесот на проширување. Приоритет во реформите треба да биде Законот за јавото обвинителство, рече Вархељ.

Тој уште рече дека на Самитот во Загреб ќе биде предложен економски план за намалување на економскиот јаз меѓу земјите од Западен Балкан и Европската Унија.

– Предизвиците за Северна Македонија ќе бидат уште поголеми. Потребно е Владата и другите инситуции да ги имплементираат реформите и да продолжат со досегашната работа. Приоритет треба да се даде на новиот Закон за јавното обвинителство. Се надевам дека тоа ќе го направи овој паралмент до изборите – рече Вархељ.

Симонида Кацарска од Инситутот за европски прашања, за ваквата порака на комесарот вели дека е очигледно дека имаме делумно променета ситуација, бидејќи е јасно дека Законот за јавното обвинителство е закочен во Собранието.

– Законот за јавното обвинителство се повеќе се потенцира од земјите членки на Европската Унија, најмогу од Холандија и Франција. Владата и Јавното обвинителство ќе мора да покажат дека борбата против корупцијата продолжува и без Законот за јавното обвинителство, кој очигледно станува политички пазар – вели Кацарска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот