Законот за ЈО во вторник на јавна расправа: Во Собранието поканети и Јовески и меѓународни претставници

Собраниската комисија за политички систем во вторник ќе организира јавна расправа за законот за јавно обвинителство на која, покрај политичарите, поканети ќе бидат и државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, домашни и странски експерти и меѓународни претставници. Лидерот на СДСМ Зоран Заев, денеска посочи дека повеќе нема време за чекање и дека законот мора да се изгласа најдоцна до 11 февруари, ден пред распуштањето на парламентот и распишувањето на предвремените парламентарни избори.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе учествуваат на јавната расправа, но поддршка ќе дадат само доколку има интерес за промени на членот 64 кој се однесува на изборот и разрешувањето на државниот обвинител како и преодните и завршни одредби. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски изјави дека тие, ниту го прифаќаат, ниту пак го отфрлаат предложеното законско решение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот