Законот за ЈО и разрешувањето на Јанева од понеделник на дневен ред во Собранието

Од понеделник се очекува Собранието да започне со расправите за новиот закон за јавно обвинителство, како и за разрешувањето на специјалната обвинителка Катица Јанева.

Новиот закон за ЈО треба да го реши идниот статус на Специјалното обвинителство. Власта и опозицијата уште ги немаат усогласено ставовите околу законот за ЈО, но според извори на СДСМ, како што наведува МИА, постојат сериозни шанси да се постигне договор меѓу двете страни.

Од СДСМ велат дека доколку не се постигне договор тогаш Советот за јавни обвинители согласно законот треба да назначи в.д. специјален јавен обвинител, а не е исклучена можноста да се одржи и лидерска средба.

Судбината на СЈО е неизвесна и по отпочнувањето на постапката за разрешување на специјалната јавна обвинителка Јанева. Советот за јавни обвинители веќе го достави извештајот за нејзиното разрешување до Собранието.

Доколку Собранието ја донесе одлуката за разрешување, таа повторно ќе се најде пред СЈОРМ, според предвидената процедура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот