Законот за една изборна единица доставен до пратениците

Собранискиот спикер Талат Џафери го достави предлог-законот на помалите партии за промена на изборниот модел во една изборна единица и отворени листи до сите пратничките групи, велат од кабинетот на претседателот.

Собраниски извори потврдуваат за „Слободен печат“ дека законот ќе се носи по скратена постапка. Ваквата процедура, според Собранискиот деловник, предивдува предлог-законот за измена на изборниот законик директно да биде ставен на првата нова наредна седница. Потоа, матичната Комисија за политички систем ќе го разгледа.

Со овој закон помалите политички партии бараат промена од шест изборни единици на една изборна единица и отворени листи, еднаков број жени и мажи и на локалните и на парламентарните избори и механизам за избор на паритетна застастапеност на советниците на листите.

Со овој закон, според помалите партии, ќе се обезбеди еден подемократски изборен модел, бидејќи тој отвора можност за сите политички субјекти да учествуваат на изборите. Со тоа, гласовите на граѓаните нема да пропаѓаат, туку ќе се преточат во пратеници во парламентот. Ваквиот изборен модел дава можност за граѓаните директно да се изјаснат и на кому му даваат приоритет на локалните избори, рече неодамна Лиле Поповска од ДОМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот