16 C
Скопје

Законот го применува кој сака: Кафеаните, како и гостите, се поделија на пушачки и непушачки

Каде да одиме на прослава во кафеана, кај што се пуши или кај што не се пуши, е прашањето околу кое се отвара најмногу дискусија кога се договараат предновогодишните дружења или пак дочекот на новата година. Во изминатите години се практикуваше строго почитување на Законот за заштита од пушењето, но откако лани се направи либерализација, сега веќе на терен има голем број локали каде се пуши во сите простории, како што тоа беше случај пред да се донесе овој закон.

– Се пуши во целата кафеана, не само на терасата, туку буквално во сите делови, исто како во времето кога немаше забрана за пушење. Јас како пушач навистина сум незадоволна од оваа практика. Се враќаме назад на ова поле целосно во однос на тоа како е во земјите на ЕУ каде нели се стремиме да бидеме членка. Во ЕУ веќе не смеете да пушите ни на улица, а не во кафеана – вели скопјанката М.П.

Кафeанџиите, иако не сакаат да зборуваат јавно, секој од своја причина, сепак неофицијално велат дека меѓу нив настаната поделба на оние кои го почитуваат законот и оние кои не го прават тоа бидејќи има и гости кои сакаат да пушат во кафеаните, но и такви кои не го сакаат тоа.

– Кога целосно се забрани пушењето во најголем број од локалите тоа се почитуваше, иако и тогаш имаше некои кои беа надвор од системот. Но со либерализацијата се отвори врата тоа да не се почитува и сега кој како ќе реши така прави. И не само пушењето, има локали каде се уште даваат парагон блокчиња наместо фискални – вели нашиот соговорник.

Прочитајте и...  Седници на три собраниски комисии

Од Министерството за здравство објаснуваат дека со последните измени на Законот за заштита од пушење кои се направени во март 2018, пушењето останува да е забрането во јавните простории, но се дозволува исклучиво надвор од деловниот објект односно на тераса, летна бавча и сл.

– Во контекст на почитување на одредбите на овој Закон, во соработка со останатите институции работиме на доследно применување на одредбите. Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) врши инспекциски надзор во однос на примена на Законот за заштита од пушењето во здравствениот сектор, во однос на истакнување на видно место знаци за забрането пушење во сите простории на објектот како и почитувањето на одредбите од законот од сите вработени за забрана за пушење во здравстената установа – велат од МЗ.

Истовремено ДСЗИ информира дека доколку кој било граѓанин забележи непочитување на Законот за заштита од пушењето во рамки на здравствените установи, до овој орган може да достави доказен материјал врз основа на кој од страна на ДСЗИ ќе биде спроведена соодветна инспекциска постапка – велат од ресорното министерство.

Прочитајте и...  Навални го тужи затворот затоа што не го добил Куранот

Но за контрола на спроведување на Законот упатуваат на Пазарната инспекција. Оттаму пак велат дека инспекторите на терен работат на почитување на законот, и дека во последниот период се изречени околу 1.000 санкции по овој основ.

– Во однос на тоа каде смее да се пуши, а каде не, ние дури и бараме пушачкиот од непушачкиот дел да биде одвоен со врата. Постапуваме на терен, наскоро ќе го објавиме извештајот за сработеното па ќе може да се види колку контроли се направени и колку санкции се изречени – вели Стојко Пауновски, директор на Пазарниот инспекторат.

На прашањето дали според него овој закон дава резултатите или треба да претрпи измени, тој вели дека дава резултати, но упатува и на тоа дека сите инспекциски служби, не само пазарната, треба да се вклучат во негово спроведување.

Статистиката покажува дека просечно по 21 до 22 цигари дневно пуши секој пушач во земјава. Земјава е рангирана меѓу првите десет земји во светот во однос на преваленца на пушење која во 2018 година изнесуваше 40 проценти. Во едно домаќинство во државава месечно се пушат 28 кутии цигари.

Прочитајте и...  ЦГК: Државата наплатува само 8,2 милиони евра годишно за експлоатација на минералните суровини

Пушењето е сега главниот фактор на ризик за рак на белите дробови, а го зголемува ризикот од рак на главата и вратот. Кога тутунот се користи заедно со алкохол, се верува дека е уште поголем ризикот од овие видови на дијагнози. Пушачите, особено жените пушачи, се со зголемен ризик за развој на езофагеален рак – ризик, кој се зголемува со количината на испушени цигари дневно.

Се проценува дека 22.000 луѓе умираат од рак на панкреасот секоја година, а алармантни 30 проценти од овие смртни случаи се поврзани со пушењето цигари. Лицата кои пушат цигари се со поголема веројатност да развијат полипи на дебелото црево, кои го зголемуваат ризикот од рак на дебелото црево. Иако некои истражувања покажаа непостоечка врска помеѓу пушењето и ракот на желудникот, други покажале зголемен ризик за пушачи на возраст над 50 години, како и односот помеѓу болеста и “пакет годините“ на пушење. Пушењето, се верува дека е поврзано со 30-40 поценти од сите случаи на рак на мочниот меур, од кои повеќето се од преоден клеточен тип. Се чини дека постои врска помеѓу пушењето и ракот на матката – колку е поголема “дозата” или бројот на испушени цигари, толку е поголема веројатноста за појава на развој на рак на матката.

 

Поврзани вести

Богдановиќ: Новиот закон придонесе да падне мораториумот

Слободен печат

ФОТО | Музеј на „воени трофеи“: Алиев се сликаше покрај шлемовите на убиените ерменски војници

Слободен печат

Повторно рестрикции во водоснабдувањето за сите потрошувачи во Тетово

Слободен печат

Ангелов оствари средба со синдикални претставници од КСОМ

Слободен печат

Алсат-М: Рашковски ќе гради хациенда од 800 квадрати во Побожје, а како инвеститори се заведени неговите деца

Слободен печат

Историски самит: Бајден и Путин сепак може да одржат состанок во трета држава

Слободен печат

Остави Коментар