Законите од петтиот антикризен пакет пред членовите на собраниските комисии

Собрание на РСМ/Фото: МИА

Законите од петтиот пакет антикризни мерки денеска се на дневен ред на собраниската Комисија за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.

На веб страната на Собранието на Република Северна Македонија закажани се две седници на Комисијата за финансирање и буџет, а на дневен ред се предлог-законите за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност и за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза заради исплата на платите за февруари и март, како и измената на Законот за данок на личен доход, сите во второ читање.

На втората последователна седница членовите на Комисијата за финансирање и буџет треба да разгледаат повеќе предлог-закони, меѓу кои за дополнување на Законот за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници во второ читање и Предлог – закон за изменување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, исто така во второ читање.

Пред членовите на Законодавно-правната комисија, се повеќе точки, меѓу кои предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата заради заштита од илегална миграција и заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија и предлог-законот за дополнување на Законот за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници, во второ читање.

На втората последователна седница членовите на Законодавно-правната комисија треба да ги разгледаат предлог-законите за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот КОВИД-19, за месеците февруари и март 2021 година, за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот КОВИД-19, заради исплата на платите за февруари и март годинава и за измена на Законот за данок на личен доход, сите во второ читање

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот