Заклучоците на Народното собрание на Република Српска се неспроведливи, смета Изетбеговиќ

Фото: Принтскрин

Претседателот на Партијата за демократска акција (СДА) Бакир Изетбеговиќ како неспроведливи ги оцени синоќешните заклучоци на Народното собрание на Република Српска во кои, меѓудругото, се зборува за враќање на одземените надлежности на ниво на ентитети, како и за можноста за самоопределување на РС.

-Тоа беше обид со невистини ентитетот да се обиде да и се наметне на државата. Тоа во овој момент е неспроведливо. Целта е можеби во иднина, со надеж дека НАТО ќе биде „мртов”, некои работи, сепак, да се спроведат, рече Изетбеговиќ во дневникот на федералната телевизија ФТВ.

Тој смета дека е крајно време меѓународната заедница во БиХ да им се спротивстави на овие појави за тие конечно да запрат. Тој ги повика членовите на Управниот одбор на Советот за имплементација на мирот (ПИЦ) конечно да го предупредат Милорад Додик.

Народото собрание на Република Српска на посебна седница, што траеше синоќа до длабоко во ноќта, усвои инфорамција за неуставната трансформација на дејстонската структура на БиХ и влијанието на положбата и правата на Република Српска.

Притоа беа усвоени 20 заклучоци што се однесуваат на иницијативата за укинување на Канцеларијата на високиот претставник, укинување на бонските овластувања, почнување реформа на правосудните институции на ниво на БиХ, потоа зачувување на дејтонската структура и широка автономија на ентитетите до самоопределување, како и соработка со НАТО, но не и членство на БиХ во Алијансата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот