Закиселени тиквички

 
СОСТОЈКИ
– 1 кг тиквички
– 250 г кромид
– 2 чаши шеќер
– 2 чаши јаболков оцет
– 1 лажичка семе од целер (по избор)
– 1 лажичка меленa куркума
– 1 лажичка сенф
– 2 лажички семе од синап
– сол по вкус (oтприлика ¼ чаша)

ПОДГОТОВКА
Тиквичките измијте ги и исечкајте ги на тенки резанки, а кромидот излупете го и исечкајте го на четвртини, па на тенки резанки. Ставете ги заедно во сад со ладна вода да ги покрие. Додајте ја солта и мешајте додека се растопи. За покрцкави тиквички можете да додадете мраз во водата. Покријте го садот и оставете ги да стојат два часа, потоа исцедете ги и префрлете ги во огноотпорен сад.  Во друг сад измешајте ги зачините, сенфот и оцетот, па ставете ги да зовријат, потоа со оваа течност прелејте ги тиквичките и кромидот. Измешајте и нека стои два часа. Потоа ставете го садот на оган да зоврие и варете три минути. Соберете ги во стерилизирани тегли и веднаш затворете ги. Потоа завиткајте ги во стари весници и ставете ги нека се варат во тенџере со врела вода 10 минути. Откако ќе се изладат проверете дали добро се затворени капаците и ставете ги на соодветно место. После седум дена можете да ги јадете, а добро складирани ќе траат една година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот