Закажани избори во Израел, трети по ред за помалку од една година

Фото: МИА

Во Израел ќе има нови избори, трети за помалку од една година, бидејќи ниту една партија не успеа да обезбеди мнозинство потребно за формирање влада.

Рокот за формирање на владата истече на полноќ, а пратениците на Ликуд, Сино-белата коалиција, синоќа поднесоа предлог зкаон за распуштање на Кнесетот и новите избори ги закажаа за 2 март , пренсе Би-Би-Си.

Актуелниот премиер Бенјамин Нетајнаху и неговиот главен ривал Бени Ганц не успеаја да формираат влада, иако нивните партии Ликуд и Сино и бело, освоија 32, односно 33 места, од постојните 120 во Кнесетот. Не успеаја да формираат ниту влада на националното единство, иако претседателот на земјата Рувен Ривлин ги повика на таков чекор.

Нетанјаху, инаку, во меѓувреме е обвинет за примање поткуп, кршење на довербата и измама. Засега тој не побарал од парламентот да му го гарантира имунитетот од судење, но како што се наведува, тој тоа го очекува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот