Закажана собраниска седница среде избори

Собрание / фото: Влада на РСМ

Претседателот на Собрани Талат Џафери за во среда закажа собраниска седница на која се ставени за повторно гласање последните закони што претседателот на државата Ѓорге Иванов одби да ги потпише заради промената на уставното име.

Иако обично за време на избори не се закажуваат собраниски седница, од кабинетот на Џафери објаснуваат дека тоа морало да се направи за да се испочитува рокот од 30 дена предвиден со Деловникот, во кој законите мора повторно да се стават на гласање.

Покрај 14 закони, на дневен ред има и седум барања за автентично толкување, како и четири дополнети предлог-закони од кои три се со европско знаменце.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот