Закажана седницата за формирање на техничка влада

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Седницата за формирање на техничка влада е закажана за 16:30 часот од страна на претседателот на Собранието, Талат Џафери. Рокот за изгласување на оваа нова Влада е до полноќ.

Од СДСМ за технички премиер е предложен досегашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски за технички премиер, Славјанка Петровска за дополнителен заменик министер за внатрешни работи, Санела Шкријељ дополнителен заменик во труд и социјала.

ВМРО-ДПМНЕ го предложи Наќе Чулев за технички министер за внатрешни работи, потоа Рашела Мизрахи за технички министер во труд и социјала, Гордана Димитриовска во финансии, Цветан Трипуновски во земјоделство и Невенка Стаменковска технички министер за информатичко општество и администрација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот