Закажан самитот на ЕУ лидерите на 1. и 2 октомври

Фото: ЕПА

Лидерите на Европската унија ќе се соберат на самитот во Брисел на 1 и 2 октомври, потврдено е во кабинетот на претседателот на Европскиот совет.

Портпаролот Баренд Лејтс вели дека претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, по втор пат имал негативен тест на Ковид-19 и продолжува со подготовките за самитот со кој ќе претседава.

Самитот на ЕУ-27 првично беше закажан за 24 и 25 септември, но беше одложен затоа што службеникот за безбедност на Мишел бил позитивен на коронавирус. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот