Закани и навредливи зборови кон лидерот на средношколскиот Сојуз поради договорот за државната матура

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

„Кој си ти да одлучуваш за цела генерација“, „П*дер еден скапан не за*ба цела генерација“, „Да умрете сите од еден до последен“, се дел од пораките кои како закани од средношколци ги добивал лидерот на средношколскиот Сојуз, Бленди Ходаи, по постигнатиот договор за државната матура. Тој вели дека е запрепастен од говорот на омраза на негови врсници и пораките кои ги добива од нив.

– Се обидовме и со другите средношколски организации да седнеме на маса и да преговараме, но ова се одговорите кои ги добиваме – вели Ходаи за „Слободен печат“.

Средношколски фронт и Средношколски глас се другите средношколски организации кои се против договорот за матура кој Сојузот го постигна со премиерот Зоран Заев, а овие организации на нивните Фејсбук профили најавија и протести и бојкоти против договорот.

– Сојузот не добил информации за тоа дека ќе протестираат некои средношколци, но се уште ми стигнуваат приватни пораки со навредливи содржини – додава Ходаи, кој не е сигурен дали пораките се испратени од ученици кои се дел од двете новоформирани средношколски организации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот