ЗАКАНА ОД ЕПИДЕМИЈА во Загреб: За две недели седум граѓани заболени од сипаници

Фото архива на СП

Се претпоставува дека во Загреб моментно има повеќе непријавени случаи на заболени од сипаници, пишува весникот „Јутарњи лист”, наведувајќи дека на хрватскиот главен град му се заканува епидемија.

За само две недели дури седум граѓани на Загреб заболеле од сипаници. Имајќи предвид дека станува збор за високозаразен вирус, ширењето на болеста не би била невообичаена. меѓутоа, експертите посебно ги загрижува фактот дека седуммината заразени не се познаваат, не биле во меѓусебен контакт и засега не е утврдена никаква врска меѓу нив.

Весникот истакнува дека сите пациенти се заразиле во многу краток рок, поради што лекарите очекуваат нови случаи.

Исто така, не може со сигурност да се каже дали заразените се вакцинирани или не.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот