Зајон е Дрејмонд Грин со ракети во задникот

За Вилијамсон заврши сезоната во НЦАА лигата по поразот на неговиот универзитет „Дјук“ од Мичиген стејт, но лудилото околу него не престанува.

Никој не се сомнева дека токму Вилијамсон ќе биде избран како прв пик на претстојниот драфт, поради што неколку екипи како Њујорк никс, Чикаго булс, Мемфис гризлис почнаа да „танкираат“, поточно намерно да ги губат натпреварите како би имале поголеми шанси да бираат први на драфтот. За него сметаат дека е најдобриот кошаркар кој се појавил во последните 20 години, поточно од Леброн Џејмс.

„Њујорк тајмс“ објави дека Зајон Вилијамсон ќе биде дел од американската репрезентација, популарниот „дрим тим“, на СП во Кина, а НБА скаутите почнаа да ја анализираат неговата игра.

„Нешто најблиску што сега постои во НБА е најверојатно Дрејмонд Грин, со тоа што Зајон е многу подобар атлета. Тој е Дрејмонд со ракети во задникот. Игра како крилен центар, а во ниска петорка може да игра и на центарската позиција. Знае да додава во вистинско време, може да презема и да чува играчи на секоја позиција“ изјави еден од скаутите кои ја анализираа неговата игра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот