Зајкова: Потребни се две дебати, една во Бугарија, една во Македонија и само така може да се постигне договор за овој спор

Никогаш не сме иницирале дебата за сите да помогнеме да се реши спорот со цврсти позиции како држава, со изнаоѓање на решение, а тоа може да се случи со организирање две дебати, помеѓу членовите на Комисиите за надворешни прашања на Парламентит, едната во Македонија, а другата во Бугарија и така да се достигне општ национален консензус. Националистичките политики треба да се искоренат од самиот почеток и треба да придонесеме за доброто на државата, предлага пратеничката и потпретседателка на Либерално-демократската партија, Моника Зајкова во вечерашната дебатна емисија „24 анализа“ на ТВ 24.

– Преспанскиот договор е затворено прашање и треба да се фокусираме што повеќе да се имплементира.Времињата пред нас носат нови предизвици. За проблемот со Бугарија гледаме дека таму сите имаат став, освен нашата сестринска партија ДПС која не се согласи со ветото за Македонија, затоа важно е како ќе ги претставиме нашите прашања дома и како ќе воспоставиме добри односи, појасни таа.

Според Зајкова техничката влада на Бугарија не би можела на било каков начин да го решава спорот меѓу двете земји, бидејќи двете земји разговараат на различна линија.

– Искрено, не можам да влеам позитивизам дека се брзо ќе се реши, но не можам ни да бидам песимист дека тоа ќе трае до недоглед. Дебатата не треба да застане тука, туку треба да разговараме. ЛДП изрази јасен став и кажа дека треба преговорите да се засноваат на Копенхашките критериуми, почитувајќи го македонскиот идентитет и посебност. Правото на самоопределување и почитување на идентитетот на еден народ се либерални вредности, па затоа останува да разговараме на други полиња за да најдеме заеднички јазик. Има примери меѓу други земји кои имале историски конфликти но се фокусирале на други стратешки приоритети и соработка, истакна Зајкова.

Според неа Комисијата за надворешна политика не заседава и за други прашања кои значат развој на меѓународните односи. Се одложува и не се заседава за изборот на амбасадори, се одбегна расправа на Законот за надворешни работи.

– Ова не е критика ова е добронамерен совет каде треба да ги исправаме работите. Ако сакаме да одиме во Европска унија , тогаш мораме да обезбедиме функционалност на државата преку културна реторика и дебата, а не кочење на закони. Јас сум еден од 62 пратеника и не секогаш сум се согласувала со некои предлог закони ама сум давала амандмани за нивно подобрување, но не и да ги кочам законите.

По однос на надворешната политика и евроинтегративниот пат на земјата, како и брзо отпочнување на пристапните преговори за членство Либералите давале безусловна поддршка, додава Зајкова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот