Зајкова: Ние пратениците сме должни да ги предупредиме граѓаните на претпазливост при движење на планински места

Моника Зајкова, пратеничка/Фото: Фејсбук

Ги повикувам сите пратеници во Собранието да потпишеме Апел до граѓаните за зголемено внимание и претпазливост при движење на отворен простор, планински и шумски места како и истиот да биде јавно објавен на сите социјални мрежи со цел да ја зголемиме свеста на граѓаните за овој реален, се присутен проблем и да дадеме свој придонес во борбата за негово сузбивање, порачува пратеничката од ЛДП, Моника Зајкова.

– Сметам дека ова е едно од многуте клучни прашања кое што треба да наиде на поддршка и од сите политички партии, особено земајќи ја во предвид неговата економска димензија и висината на средствата кои што се трошат од државната каса, но најмногу заради уништените шуми и национално богатство, за кое што и те како е редовно време е да научиме да си го сакаме и чуваме како што му доликува, додава таа.

Како што појаснува Зајкова земајќи го во предвид фактот дека речиси 95% од шумските пожари се предизвикани од човекот, пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, се должни да ги предупредат до граѓаните на особено внимание и претпазливост при движење на отворен простор, планински и шумски места.

– Ајде сите да работиме за доброто на граѓаните и државата, да покажеме обединетост, иницијативност и проактивност за прашања што не засегаат не само нас, туку и нашите деца, внуци… Сите ние треба да се запрашаме и да размислиме што сакаме да им оставиме во наследство на идните генерации, вели таа.

Според Зајкова вртоглавиот пораст на температурите, за жал веќе гледаме дека ги активираше шумски пожари. Пожарите уништуваат големо количество на дрвна маса, предизвикуваат загадување на воздухот, почвата и водата. Изгорените дрва се извор на патогени и штеточини, а воедно постои и зголемување на ерозивните процеси во изгорените површини, дебалансирање на водниот режим, губење на вегетацијата и опустување.

Досега како превентивна мерка за заштита од пожари Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство воведе ограничено движење на сите лица во шумите и шумските појаси, освен за лицата со дозвола од Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми” и субјектите кои управуваат со заштитени подрачја. Исто така, воведена е и забрана за палење стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата-мерки кои се поздравување во обидот превентивно да се влијае и да се спречи настанувањето на пожари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот