Зајберт: Германија сè уште не размислува за целосно отворање на лето

Луѓе одржуваат дистанца додека чекаат ред за влез во продавница на плоштадот Александерплац во Берлин / Берлин, Германија / Фото: EPA-EFE/OMER MESSINGER

Сè уште не сме создале услови за лето опуштено како минатата година, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на германската влада Штефен Зајберт.

Тој додаде дека падот на бројот на новозаразени, како и напредната кампања за вакцинација „инспирира надеж”, но дека „предвремени заклучоци” не треба да се прават.

– Нашата цел мора и натаму да биде намалување на дневните инфекции на минимум, рече Зајберт.

Државниот институт за епидемиологија Роберт Кох денеска забележа пад на седумдневната инциденца на 83. Пред неколку недели, седумдневната инциденца на германско ниво беше над 130.

Зајберт истакна дека мерките како носење маска, држење дистанца и тестирање сè уште остануваат „сојузници во борбата против пандемијата”.

– Оваа борба сè уште не е завршена, рече Зајберт

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот