Кои витамини се клучни во борбата со коронавирусот

Profimedia
профимедиа

Зајакнувањето на имунитетот треба да биде наша секојдневна грижа, а не само во кризни здравствени ситуации како што е пандемијата на коронавирусот.

Кои се најдобрите витамини со кои треба да ги градиме имунитетот за време на пандемијата на коронавирусот, но и зошто претерувањето со витамините може да биде уште поштетно во случај на ковид-19?

– Проблемот е во тоа што јачината на имунитетот во борбата против ковид-19 не е пресудна затоа што треба да се најде соодветен одговор за секоја пригода. Ако тој одговор е под минимумот или ако е над некој максимум, не е добро. Во ситуацијата со ковид-19, пациентите страдаат главно од пречекорување на неопходната одбрана, односно од премногу силниот одговор на имунитетот – вели проф. д-р Борислав Каменов, имунолог.

Можеби „тајната на совршениот имунитет“, кој може да се бори против ковид-19 се крие токму во детскиот имунитет.

Кај оваа болест, не разбравме доволно зошто некои пациенти се разболуваат толку сериозно. А, зошто децата мошне помалку заболуваат и имаат полесна клиничка слика, иако немаат „искусен“ имунолошки систем како постарите лица. Се покажа дека колку што е повеќе „искусен“ имунолошкиот систем, толку повеќе страдаат. Тоа ни дава порака дека тој неспецифичен имунитет со кој располагаат децата може да биде вистинскиот одговор за соодветната реакција на вирусот – вели имунологот.

Како што вели тој, сите имаме различна генетика и различни фактори на животната средина и тие ни прават проблем со имунолошкиот одговор. Повеќе од 90 отсто од нашиот имунолошки систем поминува низ дигестивниот тракт и тука е често проблемот.

Ковид-19 им прави вистински проблем на оние кои имаат пречекорување на имунолошкиот одговор – предупредува имунологот.

Како што вели тој, дури 75 отсто од витамините влегуваат во организмот преку цревната флора, па затоа треба да знаете и кои витамини се најдобри за употреба сега, но само и исклучиво во пропишаните дози.

Меѓу препаратите што имаат добар ефект на нашиот имунолошки систем, тој го издвојува цинкот, затоа што „ги коригира грешките во нашите клетки кои се под стрес и така системот полесно се бори против сите можни проблеми, но предупредува дека не треба да се претерува со дозата.
Што се однесува до цинкот, тоа е исклучително важен ако се земе во вистинска доза која повеќето препарати ја имаат. Цинкот е составен дел на главните регулаторни молекули кои ги поправаат грешките во нашите стресни клетки и така системот полесно се бори против сите можни проблеми, особено против труењето на организмот.

Витаминот Д е одлучувачки во борбата на организмот против вирусот. Тој ги принудува макрофагите да го убијат вирусот кога ќе влезе во клетката. Ако го немате доволно, тоа значи дека сте го труеле организмот и дека овие отрови го потрошиле витаминот Д.

Витаминот Ц е исто така добар и пробиотиците за оние кои имаат проблем со стомакот, бидејќи може да ги „поправи“ грешките во имунолошкиот систем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот