Зајакнете си го имунитетот дополнувајќи ја исхраната со витамини

витамини

Натуропатите и нутриционистите советуваат да не ги земате витамините и минералите на своја рака, туку во консултација со лекар.

Силниот имунитет е важен во борбата против сите вируси, па и против коронавирусот. Многумина одлучија да се „заштитат“ така што со витамините и суплементите ќе го зајакнат имунитетот.
Освен што ќе ја збогатите вашата исхрана со нив, вие и ќе се заштитите. Нутриционистите препорачуваат да ги внесувате следниве витамини во исхраната.

Витамин Ц

Досега многупати сме слушнале колку витаминот Ц е важен за нас и тоа со вистинска причина. Овој витамин е најголемиот двигател на имунолошкиот систем и заштитник на организмот. Ако го внесувате во доволни количини, телото ќе ви биде благодарно.

Најмногу можете да го најдете во овие плодови: портокали, грејпфрут, мандарини, пиперки, спанаќ, кељ и брокула.

Витамин Б6

Витаминот Б6 е важен за поддршка на биохемиските реакции во имунолошкиот систем. Храната богата со витамин Б6 вклучува пилешко и мисиркино месо, туна, млеко, сирење, грав, спанаќ, моркови, семки од сончоглед, интегрални производи. Витаминот Б6 се наоѓа и во зелениот зеленчук и во леблебијата.

Витамин Е

Витаминот Е е моќен антиоксидант што му помага на телото да се бори против инфекциите. Со доволен внес ќе го зајакнете имунитетот до максимум. Плодови богати со витамин Е се оревите, семките и спанаќот.

Натуропатот и нутриционист Белинда Киркпатрик објаснува кога е најдобро време за поединечен витамин.

Наутро

Наутро би требало да земате витамини од групата Б.

Постојат осум вида витамин Б и сите помагаат во производството на енергијата, на функционирањето на мозокот, влијаат врз расположението, важни се за силни нокти и коса.
За да бидете добро расположени во текот на целиот денот и за да имате енергија, земајте ги овие витамини наутро.

Мултивитамините се, всушност, мешавина од важни витамини и минерали, а во нив обично има и Б витамин. Поради оваа причина најдобро е да ги консумирате наутро. Освен тоа, ако ги испиете по појадокот, вашето тело подобро ќе ги искористи.

Пробиотиците треба да се земаат наутро, бидејќи влијаат на работата на цревата, како и на расположението. Најдобро е да ги внесувате пред појадокот за подобра апсорпција, велат нутриционистите.

Навечер

Ако земате магнезиум, би требало да го пиете навечер. Нутриционистите советуваат овој суплемент да го земате во вечерните часови за да спиете подобро.

Најдобар начин да го внесете витаминот Д е да бидете изложени на сончевата светлина, но доколку земате додатоци, нутриционистите велат дека е подобро да земате витамин Д3, кој најдобро се апсорбира ако го пиете со вечерата.

Бонус совети

Натуропатите и нутриционистите советуваат да не ги земате витамините и минералите на своја рака, туку во консултација со лекар.
Освен тоа, се препорачува да не ги земате заедно железото, калциумот и цинкот, бидејќи на телото му е тешко да ги апсорбира сите одеднаш.

Витамините што се растворливи во масти (А, Е, Д и К) најдобро можат да се искористат кога се внесуваат со храната, а витамини растворливи во вода (витамини Б и Ц) најдобро е да се земаат пред или по оброкот.

Најдобро би било на телото да му обезбедите доволна количина од овие витамини преку храната, но ако не го постигнете тоа, суплементите ќе ви бидат од корист.
Покрај ова, обидете се да останете физички активни. И 15 минути активност ќе бидат доволни, велат лекарите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот