Зајакнете им го имунитетот на децата со само неколку намирници

Имунолошкиот систем е најважниот борец за зачувување на нашето здравје. Без оглед на тоа дали станува збор за настинка или за некои од актуелните вируси, исклучително важно е да се „работи“ постојано на зајакнување на имунитетот на децата, особено на оние кои се помали од 10 години. Затоа, на трпезата редовно имајте ги овие намирници, кои се најдобриот, најлесниот и најевтиниот начин за да му го одржите здравјето на вашето дете.

Бадеми – Овие плодови децата задолжително мора да ги јадат и тоа секојдневно. Тие се богати со витамин Е и со манган.

Бобинки – овој вид овошје содржи поголеми количества антиоксиданти, кои многу му помагаат на организмот да се избори со оксидативниот стрес. Јагодите, капините, малините, брусницата, боровинките, капините… секогаш кога ќе имате можност, давајте им ги на децата да ги јадат. Најдобро е да се консумираат свежи или како додаток на одредени колачиња, или пак, како дел од омилениот сладолед. Сепак, за да ги имате во текот на целата година, слободно замрзнете ги, а во зима по потреба одмрзнувајте ги и давајте им ги на децата.

Јогурт – Јогуртот е совршен напиток за сите генерации, а особено се препорачува за децата и тоа за најмалите. Имено, во составот на јогуртот присутни се пробиотиците, кои имаат моќ да го засилуваат имунитетот и да го одржуваат здравјето на дигестивниот систем. Сепак, секогаш избирајте го оној кој има помала масленост и е без додатоци, бидејќи таквиот јогурт може да има сосема спротивен ефект.

Лосос – Оваа риба е преполна со омега-3 масни киселини. Не само што овие киселини се важни за развојот на мозокот, туку имаат моќ и да ги намалат воспалителните процеси во телото, а истовремено и ги штитат белите дробови од појава на одредени воспалителни процеси. Некои од најновите истражувања покажале дека масните киселини ја зајакнуваат функцијата на имунолошките клетки.

Јајца – Науката досега многупати покажала дека доколку во едно тело недостига витамин Д, тогаш тоа тело е склоно кон голем број заболувања. Сепак, иако овој важен витамин многу ретко се наоѓа во храната ни ги дава природата, сепак јајцата се храна каде што го има, и тоа во поголеми количини. Јајцата покрај витаминот Д, во својот состав содржат и голем број други витамини кои помагаат во зајакнувањето на имунитетот, како што е витаминот Б и селенот.

Брокула – На сите им е кристално јасно дека брокулите го зачувуваат здравјето. Тие во својот состав содржат поголема количина антиоксиданти, како и витамини Ц, А и Е.

Спанаќ – овој лиснат зеленчук содржи големи количества витамини и минерали, какви што се А, Е, Ц, К, фолна киселина, манган, цинк, селен. Сите на најразлични начини го зајакнуваат имунитетот на децата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот