Зајакнете го срцевиот мускул со цвекло

Резултатите од медицинските истражувања покажуваат дека јадењето цвекло го чисти црниот дроб, организмот од токсини и другото „ѓубре“, отстранува опстипација и други проблеми со цревата, но и спречува развој на малигни тумори.

Неодамна неколку кардиолози од Америка спровеле опсежно истражување околу позитивното влијание на цвеклото врз човечкиот организам, особено врз срцето и крвните садови. Резултатите што ги добиле, биле воодушевувачки околу фактот што сè цвеклото во позитивна смисла може да направи за нашето здравје.

Имено, позитивните својства што ги има ова коренесто растение врз нашиот организам, им се припишуваат на големите количества калциум и витамин А што ги има во неговиот состав.

Ова растение се препорачува да биде на дневното мени кај сите луѓе, а најмногу треба да го консумираат оние што имаат проблеми со крвта, независно од тоа дали станува збор за слабокрвност или за зголемено ниво на триглицериди и маснотии во крвта, затоа што цвеклото освен што го зголемува бројот на еритроцити, помага и во „чистењето“ на крвта од наталожувањето на масти.

Меѓу другото, резултатите од медицинските истражувања покажуваат и дека јадењето цвекло го чисти црниот дроб, организмот од токсини и другото „ѓубре“, отстранува опстипација и други проблеми со цревата, но и спречува развој на малигни тумори. Овој зеленчук содржи најголем број минерали и витамини, меѓу кои и исклучително реткиот Б12.

Цвеклото се смета за најкорисен и најлековит зеленчук што содржи многу витамини и минерали, исклучително е богато со белковини, масти и јаглехидрати и лесно се вари. Од минералите, во својот состав цвеклото содржи речиси сè – калциум, калиум, натриум, фосфор, магнезиум, железо, флуор, манган, бакар, јод, сулфур, литиум, стронциум, бром. Од витамини најзастапени се Б1, Б2, Ц, како и реткиот витамин Б12.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот