Зајакнете го имунитетот во време на болести: Јадете благ компир секој ден

Поради тоа што овој вид компир е богат со антиоксиданти, тој го штити и имунитетот. Инаку, слаткиот компир има состојки што помагаат и во работата на мозокот, а редовното јадење може да помогне во намалувањето на воспаленијата.

Во овој период кога секој треба да јаде храна богата со витамини и минерали, секој ден треба да јаде една не толку популарен плод кај нас, како што е слаткиот компир.

Слаткиот компир е богат  со голем број витамини. Најкарактеристично кај него е тоа што во својот состав содржи големи количества  витамин Ц, потоа калиум, но и витамините Б3, Б5 и Б6, манган, магнезиум и бакар.

Во минатото ретко се користел во исхраната

Во последните неколку години кај нас сè почесто се јаде благ компир. Во минатото, пак, воопшто не бил употребуван на овие простори, а единствен компир што го јаделе луѓето кај нас е обичниот, кој и сега важи за еден од најконсумираните од сите генерации.

Благиот компир или познат кај нас како батат е исклучително корисен. Тој во својот состав изобилува со растителни влакна и антиоксиданти.

Портокалова боја

Бататот има уникатна боја на внатрешноста што го прави примамлив за децата. Токму оваа карактеристична портокалова боја, ја добива токму поради тоа што во составот има бета-каротен, што во исто време е и пигмент и антиоксидант.

Изобилува со протеини

Во составот на благиот компир освен витамини и растителни влакна, концентрирано е и огромно количество протеини, кои пак, од друга страна, се одлични во борбата со вишокот килограми.

Добро е да се знае и дека во бататот е содржан и реткиот витамин А, чиј недостиг во организмот води кон слепило кај децата.

Здравствени придобивки

Луѓето што постојано јадат благ компир имаат остар вид. Но, освен тоа што помага за одржувањето на здравјето на очите, поради тоа што е одличен извор на растителни влакна, меѓу другото го одржува здрав и дигестивниот систем и спречува појава на рак на дебелото црево.

Од друга страна, пак, поради тоа што во бататот се содржани големо количество растителни влакна, тој важи за еден од најдобрите плодови што помагаат да се елиминира лошиот холестерол од крвните садови, со што се превенираат кардиоваскуларните болести.

Меѓу другото, поради тоа што овој вид компир е богат со антиоксиданти, тој го штити и нашиот имунитет. Инаку, слаткиот компир има состојки што помагаат и во работата на мозокот, а редовното консумирањето на бататот може да помогне во намалувањето на воспаленијата.

Богат со магнезиум и калиум

Еден од најсилните антистрес минерали е токму магнезиумот, кој можете да го пронајдете во благиот компир. Овој минерал е неопходен на нашиот организам за здрави артерии, коски, срце, мускули и нерви. Калиумот што се наоѓа во овој зеленчук го регулира отчукувањето на срцето, но и нервниот систем. Освен тоа, калиумот помага при бубрежните заболувања, опуштање на мускулната маса и намалување на отоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот