Зајакнете го имунитетот со новите производи на ГАЛЕНИКА

Галеника

Следејќи ги внимателно очекувањата и барањата на потрошувачите на македонскиот пазар фармацевтската компанија Галеника годинава лансираше повеќе нови производи кои го олеснуваат индивидуалниот, дополнителен напор да се зајакне и одржи имунолошкиот систем.

Подигање и одржување на личниот имунитетот, како и оној на децата уште од првите денови по раѓањето, во последниве години се искачија највисоко на листата на приоритети за одржување на здравјето. Како никогаш порано, особено поради пандемијата со Ковид 19, стресот што таа го наметна, но и олабавувањето на заштитните мерки и потребата итно да се вратиме на брзото темпо на живеење, кое силно влијае врз нарушување на здравите навики за исхрана, расте и потребата за специјално потхранување на имунолошкиот систем.

Следејќи ги внимателно очекувањата и барањата на потрошувачите на македонскиот пазар фармацевтската компанија Галеника годинава лансираше повеќе нови производи кои го олеснуваат индивидуалниот, дополнителен напор да се зајакне и одржи имунолошкиот систем.

Даниел Јаневски / Галеника

Даниел Јаневски, генералниот директор на претставништвото на Галеника во Македонија, објаснува дека при зголемување на портфолиото со производи се воделе од тоа да одговорат на барањата на потрошувачите, и тоа од најмала возраст до најискусните.

„Портфолиото на линијата Vitup ја збогативме во педијатрискиот дел со три нови препарати наменети за новороденчиња Vitup Baby D3, Vitup Baby D3 + K1, Vitup Baby D3 + DHA Omega. Суплементите Олигогал Цинк, Олигогал Селен и Олигогал Хром меѓу македонските потрошувачи се веќе познати и препознаени по квалитетот што го имаат. Оваа понуда се збогатува со два нови производи – Олигогал Магнезиум и Олигогал Железо. Линијата пробиотици, која во аптеките е присутна со Flonivin Plus и Flonivin Baby, се збогатува со Floniivin Boulardii, Flonivin Forte I Flonivin Kids Immuno. На пазарот повторно се враќа и ензимскиот препарат Дигестал“, вели Даниел Јаневски, генерален директор на претставништвото на Галеника во Македонија.

Фармацевтскиот регионален гигант Галеника е еден од оние брендови на македонскиот пазар кои се одомаќинети кај потрошувачите, препознатлив по посветеноста и квалитетот што се преточува подолго од седум децении во својата понуда. Компанија носи иновации и создава трендови во фармацевтската индустрија, а притоа е посветена на луѓето и верна на здравјето. Од ноември 2017 година компанијата е дел од NC Групацијата, која ја вклучува EMS, најголемата фармацевтска компанија во Бразил и една од најголемите фармацевтски компании во цела Латинска Америка. Фармацевтската компанија се трансформираше во иновативен регионален лидер, која ја збогатува својата понуда со производи што треба да одговорат на современите очекувања на потрошувачот.

Денес Галеника на македонскиот пазар нуди лекови на рецепт, OTЦ производи (лекови без рецепт), козметички производи и додатоци во исхраната, вклучувајќи производи за зајакнување на имунитетот.

Лактодерм – нов производ за здрава кожа и спречување на акни

Новиот производ на Галеника, Лактодерм е нов суплимент за нормална и здрава кожа без акни.


Комерцијален ПР текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот