Зајакнато обезбедувањето на границата со Грција

Фото: Принтскрин

Откако се појавија информациите дека стотици мигранти од бегалски камп во Солун се упатуваат кон македонската граница, надлежните служби велат дека ситуацијата е под контрола и дека земјава е подготвена да се справи со евентуален предизвик од нов бран на мигранти

– Македонската полиција ја следи ситуацијата на македонско-грчката граница и во моментот ситуацијата е под контрола – апелира министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

– Преку посебни планови веќе е зајакнато обезбедувањето на државната граница помеѓу Грција и Република Северна Македонија. Се работи за околу 1200 до 1500 мигранти, сега засега колегите од Грција ја контролираат таа бројка, но секако дека ние имаме обврска да бидеме подготвени и да ја штитиме границата и евентуалната можност за влез во Република Северна Македонија –  изјави министерот Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот