Зајакнато мнозинството на десницата на сенаторските избори во Франција

epa08669812 French immunologist Jean-Francois Delfraissy (C) poses for photographs ahead of a Senate hearing about the coronavirus crisis at the French Senate in Paris, France, 15 September 2020. Political leaders, government advisors and health agency directors will participate in this investigation into the way French government handled the Covid-19 epidemic. EPA-EFE/YOAN VALAT

Десницата останува мнозинство во францускиот Сенат- Горниот дом на Парламентот, додека Европа екологија зелени (ЕЕЛВ) најавуваа формирање на политичка група, јави дописникот на МИА.

Резултатите од гласањето на 87.000 „големи гласачи” – избрани претставници 95 отсто од нив се претставници од градските собранија – се обележани со стабилност. Сенатот останува во рацете на десницата. Без пресврт во „домот на локалните заедници”, чиј половина состав беше обновен вчера.

Резултатите се делумен одраз на последните општински избори. Сепак односите на силите се променија малку по прераспределбата на 172 сенаторски места од вкупно 348.

На чело на Сенатот повеќе од шеесет години, освен од 2011 до 2014 година, кога мнозински беа социјалистите, десницата и нејзините сојузници ја зајакнуваат својата база.

Групата Републиканци (ЛР) го задржува мнозинството во Сенатот со обновени 76 места и дополнителни десет места. Така ЛР и центристичкиот сојуз повторно се етаблираа како мнозинска група во Сенатот.

Силно поразена на општинските избори во јуни, претседателската партија Републиката во движење се чини помина исто толку лошо и на сенаторските избори. Групата ЛРМ оди подобро од очекуваното, задржувајќи 19 места, ваквиот статус кво за претседателската партија сепак останува знак на „неуспехот на територијалното распоредување партијата и нов неуспех на владината политика.

Друга поука од изборите е создавање на еколошка група, која го потврдува моментумот инициран на општинските избори каде што екологистите победија во неколку големи градови (Лион, Бордо, Стразбур, Безансон, итн.). Шест нови сенатори ЕЕЛВ им се придружуваат на петте еколошки сенатори кои веќе се избрани во 2017 година. 

Социјалистичката група останува водечка опозициска формација во Сенатот и покрај ерозијата во членството. Според прелиминарните проекции, ПС ќе падне од 71 на 65 сенатори, пад кој делумно се должи на конкурентските листи на ЕЕЛВ во некои изборни единици.

Од губењето на теренот за Социјалистите има корист Комунистичката партија, која доби двајца сенатори.

Националниот собир (поранешниот Национален Фронт) успеа да го спаси своето единствено сенаторско место, ова наспроти сите очекувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот