Зајакнати нападите на талибанците во Авганистан

Фото: EPA-EFE/HEDAYATULLAH AMID

Нападите на талибанците врз авганистанските безбедносни сили значително се зголемија по февруари 2020 година, кога беше склучен договорот меѓу САД и бунтовниците, што доведе до повлекување на странските сили од земјата. Ова го покажува објавениот официјален американски извештај.

Непријателските напади, главно од талибанците, се зголемија од 9.651 кон крајот на 2019 година до 13.242 кон крајот на 2020 година, според Бирото на специјалниот инспектор за обнова на Авганистан (при Конгресот на САД), повикувајќи се на податоци од мисијата на НАТО во оваа азиска земја.

Првпат од декември 2019 година, мисијата објави точни податоци за бројот на овие напади. Од 1 март до 31 мај, кога престана да собира податоци, регистрирани се 10.383 напади, вклучително и 3.268 во кои имало жртви. На барање на Владата во Кабул, генералниот инспектор не откри податоци за загубите на авганистанската војска, која брои околу 300.000 војници.

Според мисијата на НАТО, насилството врз цивилите постави нови рекорди во април и мај – 705 убиени и 1.330 повредени. Мисијата забележува дека 93 проценти од цивилните жртви во последните месеци биле убиени од страна на антивладини сили: 40 проценти од талибанците, 38 проценти од неидентификувани бунтовници, 14 проценти од групата Исламска држава и помалку од еден процент од мрежата Хакани, блиска до талибанците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот