Зајакнати контроли на македонско-бугарската граница

Поради строгата забрана за увоз на месо, масовно се откажуваат еднодневните екскурзии во земјава од страна на бугарските тур-оператори. Причината за тоа е зајакнатата контрола пред велигденските празници, па тие не би сакале да имаат проблем со граничните власти.

Според бугарските медиуми, забраната за увоз на македонско месо во Бугарија не е од вчера, но контролите се интензивирани поради зголемената побарувачка. Од граничниот премин Ѓушево информираат дека последниве денови на неколку луѓе им биле одземени прехранбени производи, меѓу кои месо, сирење и јајца.

„Постојано доаѓаат заинтересирани и прашуваат дали ќе организираме екскурзија до Македонија. Сакаат да го поврзат полезното и практичното, да купат некое кило јагнешко и јајца за велигденската трпеза. Но, ние категорично ги откажуваме турите зашто не сакаме да имаме проблеми со граничните власти“, истакнува тур-оператор од Ќустендил.

Сточар од дупничкото село Самораново вели дека сите 200 грла му се веќе капарисани. Цената за килограм жива мера е шест лева, а на заклано јагне 13-14 лева.

„Моите јагниња не стигнуваат во малопродажба зашто луѓето доаѓаат кај мене и директно од тука си купуваат. Некои сакаат обработено месо, затоа и цената е различна. Побарувачката е голема зашто секој сака да си купи квалитетно, највеќе свежо месо, а не со месеци стоено по фрижидери“, вели сточарот.

До лани, ќустендилци масовно одеа во Крива Паланка да пазарат поевтино јагнешко месо.

Бугарски новинари утврдиле дека цената на јагнешкото во маркетите за Велигден достигнува 14 – 15 лева за килограм, но потрошувачите се сомневаат дали е тазе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот