Зајачка: Ја држат Македонија надвор од ЕУ за да можат да продаваат пасоши

Политиката на Бугарија кон Северна Македонија нема никаков успех, а преименувањето на 24 мај е катастрофална постапка, изјави Пламена Зајачка, член на раководството на бугарската партија АБВ на поранешниот претседател Георги Прванов.

Таа дополни дека од регионален лидер, Бугарија станала изолирана земја, истакнувајќи дека со стопирање на пристапните преговори на Македонија во ЕУ, се кочи и Албанија. „Ние ги уништуваме односите со две соседни земји на Балканот – ако ова не е неуспех, како поинаку може да се квалификува“, вели Зајачка.

Бугарија ќе го слави 24 мај како ден на бугарската азбука

– Ги нарушивме односите со Северна Македонија, а го осудивме на неуспех и приоритетот од претседателството на Бугарија со Советот на ЕУ. Приоритет беше интеграцијата на Западен Балкан. Две години подоцна, никаде не се споменува оваа интеграција. Неуспешна политика, изјави Зајачка.

Според неа одлуката на парламентот за преименување на 24 мај е трагична и е неприфатливо што „институцијата со најмала доверба во јавноста“ ја преименува историјата, посочувајќи дека со преименувањето на 24-ти мај, се дава директна основа во Северна Македонија празникот да се одбележува како Ден на македонската писменост.

– Ова е политичка одлука, која од една страна покажува дека Патриотите (н.з. коалиција предводена од ВМРО-БНД) сакаат Македонија да не влезе во ЕУ за да можат да продолжат да ги продаваат пасошите за европско државјанство преку Бугарија, а од друга страна со ова цврсто тропање на масата се цели да го зацврстат нивниот електорат, заклучува Зајачка.

Бројки од кои боли глава: 65.675 Македонци добиле бугарско државјанство во последните 10 години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот