Захарова со прашања за Хајко Мас: Зошто се даваат политички изјави ако сè уште траат прегледите врз Навални

Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова упати неколку прашања до шефот на германската дипломатија, Хајко Мас поради, како што наведе, одолговлекувањето на германските власти да предадат информации на Моксва за состојбата на Алексеј Навални.

Руските медиуми наведуваат дека Захарова го прашува Мас зошто се даваат политички изјави ако сè уште се вршат прегледи врз Навални, зошто политичарите, а не претставници на полицијата и на лекарите во Германија, зборуваат за истрагата и дијагнозите и зошто не е почната размена на информации и практичната работа на експертите кои се компетентни за ова прашање.

Германија: Навални отруен со нервниот гас „Новичок“, истата супстанца која беше најдена и кај Скрипал

Захарова го праша германскиот министер за надворешни работи кои точно фактички информации германската страна ги презентирала на партнерите во НАТО и ЕУ, кога руската амбасада во Берлин ќе може да добие официјални одговори на бараната информација со цел да и ги пренесе на Москва, и зошто Германија не ги открива податоците на кои се повикува.

Руското обвинителство и полицијата ги почнаа своите истраги на првиот ден од хоспитализацијата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални во Омск на 20 август, а руското обвинителство побара од Германија да објави информации за медицинските испитувања на рускиот блогер и прелиминарните дијагнози до кои е дојдено.

Се шири фронтот по труењето на Навални: Над 100 европарламентарци бараат санкции за Русија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот