Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Захарова со иронична порака до Руте: Почнете да учите руски, веднаш

Изјавата на генералниот секретар на НАТО Марк Руте дека ако Алијансата не ги зголеми трошоците за одбрана, Европејците наскоро ќе мора да учат руски или ќе се преселат во Нов Зеланд е националистичка, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Покрај тоа, таа ги советуваше граѓаните на земјите од ЕУ и НАТО веднаш да почнат да учат руски јазик.

„Ова ми е болно. Се прашувам дали Нов Зеланд е навреден поради тоа што го третираат со презир? Не сум ни сигурна што е поодвратно во изјавата на Руте, лагата за некаква руска експанзија или национализмот. И не само во однос на нас, туку и на Нов Зеланд“, нагласи Захарова.

Таа рече дека Руте треба да зборува за тоа дека Европејците веќе се под надворешна контрола и потсети дека во Европа има американски бази и американско нуклеарно оружје до кои самите Европејци немаат пристап и воопшто немаат контрола над нив.

„Има и американски нарачки, чиј гас треба да се купи и кои цивилни инфраструктурни проекти треба да се уништат. Европската Унија долго време работи како што налагаат Соединетите Американски Држави“, вака ја оцени актуелната ситуација во ЕУ портпаролот на руското МНР.

Таа иронично ги советуваше граѓаните на земјите од ЕУ и НАТО веднаш да почнат да учат руски јазик.

-Можете да го направите тоа бесплатно или од процент од БДП на вашите земји, како што сакате. Тоа е убав јазик!“, заклучи Захарова.

Дипломатот потсети дека рускиот е еден од официјалните јазици на Обединетите нации и дека на него се напишани дела кои се составен дел на светските уметнички класици.

„Не гледам зошто рускиот јазик да не се учи“, заклучила Захарова, пренесува Политика.

Инаку претходно генералниот секретар на НАТО Марк Руте ги предупреди земјите од Европската Унија дека за неколку години ќе мора да учат руски или да одат во Нов Зеланд доколку не одвојат значително повеќе пари за воени потреби од сегашните два отсто од БДП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот