Захарова: САД не успеаја да га изолираат Русија како што планираа

Марија Захарова / Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Плановите на САД да ја изолираат Русија во светот пропаднаа, што ги објаснува обидите на Вашингтон да ја означи Русија како државен „спонзор на тероризмот“ преку други страни, изјави во неделата портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Тие користат други за да ја материјализираат нивната идеја да ја додадат Русија на оваа листа. Всушност, балтичките земји веќе го кажаа своето мислење за оваа тема“, рече таа во интервју за телевизискиот канал „Русија-1“.

Таа нагласи дека Западот не успеал да ја изолира Русија, исто како што не успеал да ја поништи руската култура и историја. „Тоа не се случи. Светот игнорираше се што кажа Вашингтон. Западот се изолираше од нашата земја и потоа го започна планот Б: да се предизвика штета секаде каде што е можно и главно со посредство“, рече таа и додаде дека Вашингтон тоа го прави преку оние земји кои неодамна се приклучија на Европската унија.

Според неа, владите на источноевропските земји не се „елита која е одговорна за нивните чекори“ и Вашингтон го користи тоа. Таа потсети дека Москва јасно му објаснила на Вашингтон какви последици може да има овој чекор, т.е. вклучување на Русија како спонзор на тероризмот.

„Во четвртокот, латвискиот парламент усвои изјава со која ги признава руските акции во Украина како тероризам и ја прогласува Русија за државен спонзор на тероризмот. Дополнително, латвиските претставници ги повикаа земјите од ЕУ да го прекинат издавањето влезни визи за руските граѓани“, тврди тaa.

Коментирајќи го овој потег, Захарова рече дека чекорите на Летонија се вкоренети во ксенофобија и немаат основа во реалноста. Украина исто така ги повика САД да ја додадат Русија на листата на држави спонзори на тероризмот. Истите повици се слушнаа од голем број американски пратеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот