Захарова: Русија сака да избегне нуклеарна војна

Марија Захарова / Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за одбрана, одржа прес-конференција на која зборуваше за нуклеарното оружје.

Таа тврди дека „Русија останува целосно посветена на принципот никогаш да не дозволи да се води нуклеарна војна“.

Таа рече дека ставот на Москва, според кој никогаш не треба да започне нуклеарна војна, не е променет.

Да потсетиме, рускиот претседател Владимир Путин минатиот месец изјави дека Русија располага со „различно разорно оружје“ и дека ќе „користи се што е достапно“ за да ја одбрани Русија, при што Путин мисли и на четирите украински региони чија анексија ја најави Русија минатата недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот