Захарова: Русија конструктивно ќе одговори на позитивните сигнали од САД

Марија Захарова -EFE/MAXIM SHIPENKOV

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека Русија никогаш не одбила да соработува со американските партнери и конструктивно ќе одговори на секој нивен позитивен сигнал.

– Руско-американските односи ги гледаме онакви како што треба да бидат, истакна Захарова, пренесе Тасс.

На овие односи гледаме како на односи на еднакво, заемно почитување и заемно корисно партнерство. Така ние ги гледаме, додаде таа.

– Од друга страна, исто така, ги гледаме и чекорите што, да речеме, Брисел ги презеде под притисок на Вашингтон и не можеме да не ги видиме, рече Захарова, додавајќи дека Русија никогаш не одбила да соработува, дури и во најтешките моменти.

Значи, ние ќе одговориме на позитивните сигнали конструктивно, додаде таа во интервју за телевизијата Русија-24.

Москва најавува реципроцитет на санкциите на САД и на ЕУ: Наскоро ќе ги развеселиме Американците

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот