Захарова: Русија ќе преземе реципрочни мерки по протерувањето на дипломатите од Бугарија

Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Русија го задржува правото да преземе реципрочни мерки по протерувањето на двајца руски дипломати од Бугарија, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

– Како што е предвидено со дипломатската пракса, Руската Федерација го задржува правото на реципрочни мерки. Уште еднаш, ја повикуваме официјална Софија да престане да учествува во лов на вештерки, што им штети на националните интереси на самата Бугарија. Време е да се вратиме на конструктивната билатерална агенда, далеку поприродна за руско-бугарските односи, додаде Захарова.

Таа нагласи дека антируската „шпионажа” се интензивирала во Бугарија во пресрет на парламентарните избори закажани за 4 април, како и во контекст на општото влошување на односите меѓу Русија и западните земји, особено со САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот